• сабота, 16 ноември 2024

Косињак-Камиш: Полска нема да одлучува за соборување руски ракети без сите членки на НАТО

Косињак-Камиш: Полска нема да одлучува за соборување руски ракети без сите членки на НАТО

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Полска нема да го послуша барањето на Киев за соборување на руски ракети кои летаат во правец на западна Украина без одлука на сите членки на НАТО, изјави денеска полскиот вицепремиер и министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш.

Министерот за полското радио 24 изјави дека Украина долго време бара ракетите што летаат кон западот на земјата да бидат соборени од териториите на земјите на НАТО.

Полскиот министер, кој учествува на самитот на НАТО во Вашингтон, нагласи дека неговата земја нема самостојно да носи никакви одлуки за ова прашање и дека тоа мора да биде одлука на сите членки на Алијансата.

-Секако,постојат и други процедури кога станува збор за проектили на полска територија, а во тој случај ние би носеле одлука, изјави полскиот функционер.

Тој додаде дека во НАТО нема таков консензус, посочувајќи на ставот на САД и Белата куќа, кои изјавија дека не сакаат ескалација на конфликтот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан