• недела, 12 мај 2024

Конференција „Година на европски можности“

Конференција „Година на европски можности“

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) – Година на европски можности е насловена денешната конференција која ја организира Владата на Република Северна Македонија.

Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе се обрати првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Во рамки на конференцијата, на засебни панел сесии ќе се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година. свс/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан