• понеделник, 23 декември 2024

Консеисао на чело на Порто до 2028 година

Консеисао на чело на Порто до 2028 година

Порто, 25 април 2024 (МИА) - Тренерот на Порто, Серхио Консеисао избра да остане во клубот и потпиша нов договор - до летото 2028 година. Тој е на кормилото на клубот од 2017 година и има освоено десет трофеи, меѓу кои и три титули на Португалија.

На овој начин Консеисао ја пропушти можноста да го смени клубот. Неодамна имаше извештаи за интерес на Милан за него во услови на можно разделување со Стефано Пиоли на крајот од кампањата.

Пред една година Консеисао беше поврзуван со Наполи и Интер. дс

Фото: Фејсбук/Порто

Остани поврзан