• петок, 05 јули 2024

Компјутерските хакери и гикови од регионот на антиконференција во Охрид

Компјутерските хакери и гикови од регионот на антиконференција во Охрид

Охрид, 22 август 2023 (МИА) – Компјутерски хакери, гикови, ентузијасти за технологија, членови на хаклабите од регионот и пошироко по неколкугодишна пауза в недела во Охрид ќе го одржат својот неформален собир, жаргонски наречен „Ништо нема да се случи“ .

Настанот што е замислен како неконференција (анти-конференција), се одржува без претходно утврдена програмa. Истата се дефинира на лице место, а најчесто содржи работилници, предавања поврзани со слободниот софтвер/слободната култура, демонстрација на (софтверски) алатки, библиотеки или сопствени проекти и дискусии на теми поврзани со технологија или на релацијата технологија – општество.

Содржините на антиконференција се забавни, неформални, отворени за сите ентузијасти и бесплатни.

Настанот ќе се одржи од 12 часот во Касарна Хаб во Охрид, а програмата и содржините ќе бидат договорени дополнително. аб/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан