• понеделник, 23 декември 2024

Кобајаши триумфираше на скокалницата во Трондхајм

Кобајаши триумфираше на скокалницата во Трондхајм

 

Трондхајм, 12 март 2024 (МИА) – Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши победи вечерва на скокалницата во норвешки Трондхајм во рамки на Светскиот куп.

Јапонецот освои вкупно 280.9 поени, до кои дојде со скокови од 108 и 99 метри.

Второто место го освои Словенецот Петер Превц со 280 бодови, а место на подиумот имаше и за Јан Херл од Австрија (279 бодови).

Во генералниот пласман води Австриецот Штефан Крафт со 1.783 бодови, пред Кобајаши (1.562) и Германецот Андреас Велингер (1.387). ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан