• вторник, 05 ноември 2024

Коалиција „Вреди“: ДУИ главни виновници за недостиг на напредок и за оддалечувањето на Северна Македонија од европскиот пат

Коалиција „Вреди“:  ДУИ главни виновници за недостиг на напредок и за оддалечувањето на Северна Македонија од европскиот пат

Скопје, 30 септември 2024

Со директна интервенција на ДУИ во измените на Кривичниот законик, на Никола Груевски, поранешниот премиер и омилен политичар на Али Ахмети, му застаре уште една затворска казна. Ова е уште една шајка на Ахмети во ковчегот на неправдата која ја инсталираше неговиот режим 22 години. После срамната спогодба на „Абазиското“ Обвинителство со Иџет Мемети, ова криминализирано раководство издејствува уште една амнестија. Ова фијаско на фаулираниот правен систем е уште една потврда за вирусот на Ахмети инсталиран во правосудството со години, каде што нивните моќници изградија заштитен ѕид околу себе, спасувајќи се меѓусебно од правосудна одговорност.
Ова не е прв пат кога ДУИ, предводена од Али Ахмети, интервенира за да ги спаси своите пријатели од затвор. Претходно, истата игра ја одиграа и за архитектот на маките на Албанците, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

ДУИ, партија која две децении го манипулира народот со ветувања за реформи и европски интеграции, е убиецот на секоја надеж за правда и
подобра иднина. Сите знаат за притисокот на Артан Груби врз претседателката на Врховниот суд за оживување на аболициите на Ѓорге Иванов, наводно за да изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за усвојување на уставните измени.
Време е граѓаните на оваа земја еднаш засекогаш да разберат: ДУИ никогаш не била за големиот европски сон, туку нејзин саботер. Тие се главните виновници за недостатокот на напредок и за оддалечувањето на Северна Македонија од европскиот пат. Наместо да се борат за правда и просперитет, тие се бореа само за да ги заштитат своите криминални кланови, без разлика на етничката припадност.
Коалицијата ВЛЕН им упатува повик на сите совесни граѓани да се обединат во нашата борба за почесна и потранспарентна иднина.
Соочени со ова предавство на европските вредности, ние сме посветени на демонтирање на секој елемент од оваа распадната структура и изградба на држава заснована на закон, еднаквост и правда за сите.

Коалиција „Вреди“

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива

 

Остани поврзан