• вторник, 02 јули 2024

Книжевен разговор и читање на македонски поети на „Стих у регији“ во Хрватска

Книжевен разговор и читање на македонски поети на „Стих у регији“ во Хрватска

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Во рамки на поетскиот фестивал „Стих у регији“, вчера во хрватскиот град Врбовец се одржа разговор и поетско читање на македонските автори ученици на фестивалот. На средбата учествуваа младите македонски поети Павлина Атанасова, Андреј Медиќ Лазарвески и Ивана Јовановска, а настанот го модерираа директорот на фестивалот Иван Херцег и Славомира Рибарова, информираат попладнево од „ПНВ публикации“.

- На настанот се разговараше за тековите во македонската современа поезија, за институционалната и вонинституционалната поддршка на младите поети, за здружувањето на младите и нивното креирање разни платформи за промоција на нивната поезија, како и за улогата на книжевните списанија во промоцијата на новите гласови. „Стих у регији“ е еден од најзначајните поетски фестивали во регионот, а настаните се одржаа во Загреб, во Вараждин и во Врбовец и покрај македонските и хрватските, настапија и поети од Велика Британија, БиХ, Бугарија, Италија, Србија, Украина и од Словенија, наведуваат во соопштението.

Гостувањето на македонски поети било дел од соработката за книжевна размена меѓу издавачката куќа „ПНВ публикации“ од Скопје и Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб, помогнато од Министерството за култура. бд/дма/

Фото: „ПНВ публикации“

Остани поврзан