• петок, 22 ноември 2024

Кина најуспешна по петтиот олимписки ден, прв светски рекорд во пливање

Кина најуспешна по петтиот олимписки ден, прв светски рекорд во пливање

 

Париз, 1 август 2024 (МИА) – Кина го презеде водството според освоени медали по петтиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Париз кој го одбележа првиот светски рекорд во пливање, а го постави Кинезот Пан Жанле на 100 метри слободно (46:40 секунди).

Кинеските олимпијци ја предводат листата медали со освоени девет златни, седум сребрени и три бронзени одличја. Следуваат Франција и Јапонија со по осум златни медали.

На петтиот натпреварувачки ден беа поделени 18 комплети медали во 18 различни спортови.

Табела со освоени медали на Олимписките игри во Париз:

Кина 9 7 3 19
Франција 8 10 8 26
Јапонија 8 3 4 15
Австралија 7 6 3 16
Велика Британија 6 6 5 17
Јужна Кореја 6 3 3 12
САД 5 13 12 30
Италија 3 6 4 13
Канада 2 2 3 7
Германија 2 2 2 6. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан