• недела, 29 септември 2024

Кина во Јужно Кинеско Море пресретна сонда исфрлена од американски воен авион

Кина во Јужно Кинеско Море пресретна сонда исфрлена од американски воен авион

Пекинг, 26 јуни 2024 (МИА) – Кина неодамна пресретна подводна сонда лансирана од американски воен авион во Јужно Кинеско Море, објавија денеска кинеските медиуми.

Американскиот воен авион беше забележан како кружи над водите на Јужно Кинеско Море и постојано исфрлаше неидентификувани предмети. Кинеската крајбрежна стража извадила и прегледала еден од фрлените од воздух предметите.

Пронајдената сондата може да се користи за откривање сигнали од кинески подморници и за контрасигнали од подморници под вода. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан