• понеделник, 04 ноември 2024

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Вашингтон, 28 септември 2024 (МИА) - САД се одлучни да го спречат Иран и милитантните групи поддржани од официјален Техеран да ја искористат ситуацијата во Либан или да го прошират конфликтот, му рекол американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на својот израелски колега Јоав Галант.

„Остин изрази целосна американска поддршка за правото на Израел на самоодбрана и јасно стави до знаење дека САД се подготвени да ги заштитат американските сили и објектите во регионот и се посветени на одбраната на Израел“, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.

Во меѓувреме, портпаролот на израелската армија Даниел Хагари денеска изјави дека базата на Хезболах во Бејрут, каде што беше убиен лидерот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала, била легитимна воена цел во согласност со меѓународното право. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан