• вторник, 03 декември 2024

Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина

Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина

Киев, 2 ноември 2024 (МИА) - Во последната недела од октомври Русија префрлила повеќе од 7.000 војници од Северна Кореја на границата со Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Украина.

Како што се наведува во соопштението, севернокорејските војници биле транспортирани со помош на најмалку 28 воени транспортни авиони.
Војниците се вооружени со минофрлачи, автомати АК-12, митралези РПК/ПКМ, снајперски пушки и друго оружје.

Севернокорејските војници добија и уреди за ноќно гледање и двогледи.

Како што беше претходно објавено, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Москва префрлила околу 8.000 севернокорејски војници во областа Курск. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан