• вторник, 24 декември 2024

Кибер напади во повеќе украински државни организации

Кибер напади во повеќе украински државни организации

Киев, 26 јануари 2024 (МИА) - Големи украински државни организации пријавиле кибер напади врз нивните информациски системи, јавија украински медиуми. Меѓу нив е и украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“.

-Нашите веб-страници и центарот за услуги на клиентите не работат, објавија од „Нафтогас“ на Телеграм.

Украинската национална поштенска служба Укрпошта извести за „значителен технички дефект“ во нејзините компјутерски системи. Укртрансбезпека, државната агенција за безбедност на транспортот што го одржува системот за гранични премини за украинските возачи, исто така пријави проблеми со својот центар за податоци. Конвенциски центар и систем за билети за украинските државни железници, исто така, пријавија сомнителни кибер напади.

Извор близок до украинската влада изјави дека има и други „жртви“, главно во финансискиот и банкарскиот сектор. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан