Кејн: Поранешните англиски репрезентативци знаат колку е тешко да се игра на големи турнири
- Англискиот напаѓач Хари Кејн ги коментираше критиките кон националниот тим поради настапот на Евро 2024 година.
Келн, 23 јуни 2024 (МИА) - Англискиот напаѓач Хари Кејн ги коментираше критиките кон националниот тим поради настапот на Евро 2024 година.
Претходно, поранешниот англиски напаѓач Гери Линекер го нарече настапот на тимот на Европското првенство „глупав“.
- Поранешните играчи мора да разберат дека е многу тешко да не се слушаат критиките сега, особено за некои нови играчи во оваа средина кои не се навикнати на тоа. Секој има свое мислење, но поентата е дека нашиот тим не освоил ништо многу, многу долго време. И многу од овие играчи беа дел од тоа, па знаат колку е тешко.
Реалноста е дека знаат колку е тешко да се игра на големи турнири, колку е тешко да се игра за репрезентацијата. Сите сакаме да го освоиме еврото. Многу подобар начин е да им помогнеме на момците што е можно повеќе, да им влееме доверба, изјави Кејн за „Evening Standard“.
Во првите две кола од групната фаза на ЕП 2024, Англија ја победи Србија (1:0) и ремизираше со Данска (1:1). Избраниците на Герет Саутгејт на 25 јуни ќе се сретнат со репрезентацијата на Словенија. зс/
Фото: ЕПА