• петок, 22 ноември 2024

Илиоски во полуфинале на Европското кикбокс првенство во Атина

Илиоски во полуфинале на Европското кикбокс првенство во Атина

Атина, 5 ноември 2024 (МИА) – Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски обезбеди пласман во полуфиналето на Европското сениорско кикбокс првенство што се одржува во Атина откако беше подобар од Хрватот Петар Јаман, додека пак денеска ќе настапат и Мите Ашкилов и Стефан Михајловски, а со победа обезбедуваат бронза, јави дописничката на МИА од Атина.

Илиоски за влез во финалето ќе се бори со Филис Христос од Грција.

Во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а вчера Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

Македонската репрезентација со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска секретарка во Федерацијата.

Европското кикбокс првенство во Атина во неделата беше свечено отворено, а членовите на македонската репрезентација за МИА изразија оптимизам и подготвеност и не ја исклучуваат можноста да се вратат со медали со оглед на тоа што Илиоски е европски шампион од пред две години и сега ја брани титулата.

Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата рече дека од Илиоски очекуваат да го потврди неговиот златен медал, а со идентичен став беше и македонскиот кикбоксер кој ја брани европската титула во лоу кик во категоријата до 86 килограми.

На Европското кикбокс првенство во Атин што трае до 10 ноември учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава. ср/

Остани поврзан