• среда, 15 мај 2024

Кејн подготвен за дербито против Борусија Дортмунд

Кејн подготвен за дербито против Борусија Дортмунд

 

Дортмунд, 29 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн е подготвен за претстојното дерби против Борусија Дортмунд, изјави денеска тренерот на актуелниот германски шампион Томас Тухел.

„Се е во ред, тој ќе игра против Дортмунд“, најави Тухел на прес-конференција.

На 16 март, Кејн го повреди скочниот зглоб во победата на Баерн против Дармштад (5:2), кога го постигна својот 31-ви гол во сезоната.

Баерн в сабота ѝ гостува на Борусија Дортмунд и мора да победи за да ги одржи во живот шансите за одбрана на титулата. Баерн е втор со 60 бодови, 10 помалку од водечкиот Баер Леверкузен на осум кола пред крајот на првенството.

Дортмунд е четврти на табелата со 50 бодови. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан