• сабота, 23 ноември 2024

Кање Вест најави повторна кандидатура за претседател на САД

Кање Вест најави повторна кандидатура за претседател на САД

Лос Анџелес, 22 ноември 2022 (МИА) - Кање Вест најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД. Раперот добитник на Греми рече дека работи на својата претседателска кампања за 2024 година, заедно со десничарот Мајло Јанопулос, јави ДПА.

- Благодарам, прифаќам, вели Кање Вест (45) во видеото објавено во неделата, прашан дали официјално ја објавува својата кандидатура. Раперот се кандидираше како независен кандидат и на претседателските избори во 2020 година и доби околу 70.000 гласови во 12 сојузни држави. Последниве неколку седмици, Кање Вест се најде сред контроверзии поради „неколкукратни антисемитски“ коментари. Инстаграм и Твитер минатиот месец привремено го ограничија пристапот до неговите профили, а „Адидас“ ја прекина соработката со него.  си/сд/

Остани поврзан