• недела, 22 декември 2024

Катар и Египет планираат разговори со Хамас за прекин на огнот во Газа

Катар и Египет планираат разговори со Хамас за прекин на огнот во Газа

Женева, 16 јуни 2024 (МИА) - Катар и Египет планираат разговори со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа, објавија британските медиуми, повикувајќи се на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој ова го соопшти на маргините на Украинската мировна конференција што викендов се одржува во Швајцарија.

Саливан рече дека разговарал со катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани за ова прашање. Двајцата денеска ќе одржат уште еден разговор во Швајцарија, каде што присуствуваат на конференцијата за Украина.

Хамас го поздрави предлогот за прекин на огнот направен од САД, но инсистира дека договорот мора да гарантира крај на војната, барање што Израел го отфрла. Израел го опиша одговорот на Хамас на новиот мировен договор предложен од САД како целосно отфрлање.

Саливан рече дека американските власти внимателно го разгледале одговорот на Хамас, додавајќи дека веруваат дека се уште има простор за напредок и дека следниот чекор ќе биде катарските и египетските посредници да разговараат со Хамас. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан