• сабота, 11 мај 2024

Касано: Мурињо е завршен како тренер, тој сè уште го прави она што го правеше пред 10 години

Касано: Мурињо е завршен како тренер, тој сè уште го прави она што го правеше пред 10 години

Рим, 8 април 2024 (МИА) – Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано остро го критикуваше Жозе Мурињо. Португалскиот тренер останува невработен откако во јануари доби отказ од Рома.

- Мурињо е целосно завршен како тренер. Тој веќе не е во состојба да тренира, го прави истото што го правеше пред 10 години. Во Рома не го пушти Паредес и го претпочита Бове наместо Пелегрини. Де Роси и даде на Рома верба дека тие се силен тим и врши извонредна работа. Докажа дека Рома има квалитет, изјави касано кој во својата кариера има играно за „Римската волчица“, Реал Мадрид, а беше и италијански репрезентативец.

По доаѓањето на Де Роси на тренерската позиција во Рома, тимот игра како препороден и од средината на табелата се проби во горниот дел. Сега е на чекор од позициите кои носат учество во Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан