• четврток, 18 јули 2024

Јокиќ го предводеше Денвер до прва победа над Минесота во НБА плејофот

Јокиќ го предводеше Денвер до прва победа над Минесота во НБА плејофот

Минесота, 11 мај 2024 (МИА) - Денвер рано утрово на гостински терен ја победи Минесота со 117:90 во третиот натпревар од второто коло на НБА плејофот. Најзаслужен за триумфот на Нагетс е Никола Јокиќ.

Србинот мечот го заврши со дабл-дабл ефект запишувајќи 24 поени и 14 скока. Имаше и девет асистенции, само една го делеше од трипл-дабл. Џамал Мареј постигна исто така 24 поени.

Во поразениот тим најефикасен беше Ентони Едвардс со 19 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2:1 за Минесота тимбервулвс.

Четвртиот натпревар ќе се одигра на 13 мај исто така во Минесота.

На другиот натпревар одигран ноќта петок кон сабота, Индијана го победи Њујорк со 111:106 и намали на 1:2 во серијата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан