• вторник, 09 јули 2024

Кари ги надмина Чембрлен и Бејлор во плејоф поени

Кари ги надмина Чембрлен и Бејлор во плејоф поени

Сакраменто, 18 април 2023 (МИА) – Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ноќеска мина две легенди на НБА на вечната листа поентери во плејофот. Во вториот натпревар од серијата против Сакраменто (106:114, 0-2), Кари постигна 28 поени, со што неговиот вкупен број во плејофот достигна 3.628.

 

Кари се искачи од 20. на 18. место во генералниот пласман, престигнувајќи ги Вилт Чембрлен (3.607) и Елгин Бејлор (3.623).

 

Лидерот на поени во плејофот Леброн Џејмс има 7.652. Следен кошаркар пред Кари, на 17-та позиција е Скоти Пипен со 3.642. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан