• петок, 22 ноември 2024

Борусија Дортмунд потпиша со германски репрезентативец

Борусија Дортмунд потпиша со германски репрезентативец

Дортмунд, 8 јули 2024 (МИА) - Борусија Дортмунд и официјално потпиша договор со германскиот репрезентативец Валдемар Антон. 28-годишниот централен дефанзивец пристигнува од Штутгарт за 22,5 милиони евра. „Жолто-црните“ ја активираа неговата откупна клаузула.

Договорот на Антон е на четири години и ќе игра со број 3.

Бекот беше вклучен во германската репрезентација за УЕФА ЕУРО 2024. На првенството играше на средбите со Данска (2:0) и Шпанија (1:2).

Антон минатата сезона забележа 37 настапи за Штутгарт, постигна еден гол и четири асистенции. дс

Фото: Борусија Дортмунд

Остани поврзан