• недела, 27 октомври 2024

Карасманакис: Успеавме да ја завршиме задачата, се пласиравме во следната фаза на Европскиот куп

Карасманакис: Успеавме да ја завршиме задачата, се пласиравме во следната фаза на Европскиот куп

Клаипеда, 26 октомври 2024 (МИА) – Кружниот напаѓач на Алкалоид, Валентин Карасманакис ги искажа своите импресии по денешната победа над Драгунас Клаипеда на гостувањето во Литванија (37:31).

- Одигравме еден тежок натпревар. Ја имавме нашата предност од првиот меч, но и покрај тоа знаевме дека противникот ќе даде 1000% затоа што игра пред својата публика. Нашата задача успеавме да си ја завршиме и да се пласираме во следната фаза. Имавме грешки на овој натпревар, но знам дека ќе ги поправиме на следните дуели кои ни следат. Овој меч во Литванија ни беше потежок од оној во Скопје, изјави Карасманакис.

Алкалоид со две победи над литванскиот претставник избори пласман во третото квалификациско коло на Европскиот куп. зс/

Фото: РК Алкалоид

Остани поврзан