• недела, 14 јули 2024

Кан и неговата сопруга повторно уапсени

Кан и неговата сопруга повторно уапсени

Исламабад, 13 јули 2024 (МИА) – Иако судот во Пакистан денеска ја укина пресудата и седумгодишната затворска казна на поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби за наводен нелегален брак во 2018 година, тие веднаш беа повторно уапсени, соопшти неговата партија Техрик-е-Инсаф.

Кан беше уапсен во врска со немирите минатата година, додека Биба е уапсен за посебен случај за корупција.

Властите поведоа голем број случаи против Кан од 2022 година, кога тој беше сменет со гласање недоверба во Парламентот. Од неговото прво апсење во мај 2023 година, Кан бил вклучен во повеќе од 150 правни случаи, вклучително и поттикнување насилство. За време на немирите низ Пакистан, приврзаниците на Кан нападнаа воени и други владини згради и ја запалија зградата во која се наоѓа Државното радио Пакистан.

Насилството престана кога Кан беше ослободен од Врховниот суд, но тој повторно беше уапсен на почетокот на август истата година, откако судот го осуди на три години затвор поради корупција.

Оттогаш, во сите случаи во кои Кан беше осуден, судовите му дадоа можност привремено да биде ослободен со кауција. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан