• понеделник, 19 август 2024

Кани: Иран го задржува правото да му одговори на Израел за убиството на Ханија

Кани: Иран го задржува правото да му одговори на Израел за убиството на Ханија

Техеран, 18 август 2024 (МИА) – Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери Кани изјави дека Техеран го задржува правото на легитимен одговор на Израел за убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија.

Кани, во разговор со неговиот египетски колега Бадр Абделати, истакна дека израелската Влада дека е „криминална банда“ и ги обвини САД за поддршката на Израел во војната со Хамас во Појасот Газа.

Тој додаде дека САД не можат да бидат неутрален посредник во тековните преговори за прекин на огнот поради нивната цврста поддршка за Израел, бидејќи тоа го прави „соучесник во злосторствата против палестинскиот народ во Газа“.

Иран го обвини Израел за убиството на Ханија во Техеран и најави одмазда. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан