• вторник, 05 ноември 2024

Експлозија и пожар во руска фабрика за гориво за авиони

Експлозија и пожар во руска фабрика за гориво за авиони

Москва, 19 август 2024 (МИА) - Во руската област Башкирија дојде до експлозија на цевковод за гориво во петрохемиската фабрика Стерлитамак, при што три лица се повредени.

На местото на настанот веднаш интервенирале пожарникари, кои го ставиле пожарот под контрола, соопштија руските итни служби. Се појави и снимка од експлозијата.

Сè уште не е познато што го предизвикало инцидентот.

Фабриката, која се наоѓа на 1.500 км источно од Москва, произведува гума и високооктански додатоци за гориво, како и гориво за авиони.

Руски медиуми, повикувајќи се на локални власти, објавија дека производството продолжува и покрај пожарот. ссм/

фото: принтскрин

 

Остани поврзан