• петок, 17 мај 2024

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Пекевски порача граѓаните на Берово да ја одберат најдобрата понуда за општината

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Пекевски порача граѓаните на Берово да ја одберат најдобрата понуда за општината
Берово, 28 септември 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Берово од СДСМ и коалицијата Звонко Пекевски, на денешната прес конференција ги повика граѓаните да ја изберат најдобрата понуда која ќе донесе просперитетна општина, за разлика од, како што рече, општина без планови за развој. Пред четири години како што рече Пекевски  наследил општина заглавени во долгови, без планови за развој. - Заедно ставивме крај на режимот и тргнавме да ги консолидираме локалните самоуправи. Позитивните промени се случија насекаде низ државата. Наместо барок и споменици, изградивме нови улици и патишта, водоводи, канализации, прочистителни станици, градинки, училишта, библиотеки, игралишта, рече Пекевски. Резултатот во Берово, според него, е видлив, бидејки како актуелен градоначалник за четири години реализирал над 90 проценти од програмата. -Токму поради тоа Берово е сосема друг, поубав, пофунционален, подобар град од претходно. Затоа ќе продолжиме заедно да градиме економски напредна општиа во која и понатаму ќе се отворат нови работни места, со јасен план за подобра европска иднина на граѓаните, додаде Пекевски. Кандидатот за градоначалник на СДСМ Пекевски, повика граѓаните да направат споредба и разлика и да ја одберат најдобрата понуда за општината. в.с/цр

Остани поврзан