Средба на раководството на СВР Скопје со претставниците на мисијата на ОБСЕ
- На средбата е потенцирана успешната соработка која СВР Скопје ја имаше со мисијата на ОБСЕ во Скопје за целиот период на претседателските и парламентарните избори 2024 година.
Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Раководството на СВР Скопје денска имаше работна средба со претставниците на мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопшти МВР.
На средбата е потенцирана успешната соработка која СВР Скопје ја имаше со мисијата на ОБСЕ во Скопје за целиот период на претседателските и парламентарните избори 2024 година.
Раководството на СВР Скопје изрази благодарност за ангажманот и присутноста на ОБСЕ според договорената агенда во текот на одржувањето на изборите.са/
Фото: МВР