• петок, 22 ноември 2024

Кампања на РСБСП за безбедно возење трактор и земјоделски машини

Кампања на РСБСП за безбедно возење трактор и земјоделски машини

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секоја година  реализира кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини заради нивното зголемено учество во сообраќајот во овој период од годината.

Кампањата, како што соопшти РСБСП, се спроведува на територија на целата држава преку средби на претставници од РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност Скопје со возачи на трактори и земјоделски машини, превентивно-едукативни разговори со нив и други активности, со цел подигање на свеста за управување на технички исправни, регистрирани и видливи трактори и земјоделски машини заради нивно одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

Од РСБСП потсетуваат дека возачите на трактори, мотокултиватори и други земјоделски машини се рамноправни учесници во сообраќајот и дека треба да се почитуваат и да им се посвети соодветно внимание, особено во овој период од годината кога поинтензивно се одвиваат земјоделски активности.

Истовремено, посочуваат и на неопходноста возачите на трактори и земјоделски машини да управуваат со технички исправни и регистрирани трактори и други работни машини, да избегнуваат учество во сообраќајот ноќе и за време на неповолни временски услови (дожд, магла), а посебно внимание да посветат на нивната видливост во сообраќајот.

РСБСП упатува апел до возачите на трактори и земјоделски машини да возат регистрирани, технички исправни и означени возила и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. дма/бак/

Фото: РСБСП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан