• петок, 22 ноември 2024

Кампањата на ДЗС за заштита при појава на земјотрес претставена во Делчево

Кампањата на ДЗС за заштита при појава на земјотрес претставена во Делчево
Делчево, 21 февруари 2023 (МИА) - Дирекцијата за заштита и спасување денеска во Делчево спроведе едукативно предавање за учениците од шесто до деветто одделение при ООУ „Св.Климент Охридски“. 
Едукацијата е во рамки на одбележување на Месецот на превенција од закани од земјотреси што Дирекцијата за заштита и спасување ги спроведува во училишта низ Македонија.
-Нашата кампања за превенција од заканите од појава на земјотреси почна на 1 февруари што значи трае и пред да се случат земјотресите во Турција и Сирија. Знаеме дека земјотресот е непредвидлива елементарна појава и затоа целта на оваа камапања е да се едуцираат да дознаат за основните поими при земјотрес како и насоки и препораки како да се заштитат и да си помогнат себе и другите во случај на земјотрес, истакна Мирослав Трајковски од ДЗС.
Во случај на земјотрес како што додаде најважна препорака е да се постапува смирено.
-Да не паничат додека има потреси, да очекуваат да има афтершокови, следиме, гледаме што се случува, да ги следат основните пораки да се самозаштитат, да избегнуваат стаклени и небезбедни места како лифтови итн, додаде Трајковски.
Преку Дирекцијата за заштита и спасување досега се испратени преку 70 луѓе во Турција, каде во рамки на својата мисија, спасени се неколку човечки животи и е даден особен придонес за помош на населението во загрозените подрачја. вс/сст/

Остани поврзан