• понеделник, 15 декември 2025

Казнети 183 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Казнети 183 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Казнети се 183 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. 

Од МВР денеска информираа дека од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 54 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан