• недела, 11 август 2024

Кадетите по втор пат поуспешни од романксите врсници

Кадетите по втор пат поуспешни од романксите врсници

Скопје, 12 март 2023 (МИА) – Македонската ракометна кадетска репрезентација денес во салата „Автокоманда“ забележа победа над соодветната селекција на Романија со резултат 32:28.

 

Ова беше втор меѓусебен пријателски натпревар.

 

На првиот одигран вчера, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, исто така беа поуспешни, минимално победија со 31:30.

 

Контролните средби со Романците се во насока на воигрување на македонскиот национален тим за учество на Светското првенство во Хрватска претстојното лето. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан