• вторник, 16 јули 2024

Кавадарци бара кралица и крал за „Тиквешки гроздобер"

Кавадарци бара кралица и крал за „Тиквешки гроздобер

Кавадарци, 15 јули 2024 (МИА) - Општина Кавадарци е во потрага по кралица и крал за „Тиквешки гроздобер", традиционална манифестација посветена на грозјето и виното, што се одржува во месец септември.

- Во потрага сме по крал и кралица за тиквешкиот карневал, но и останати учесници. Доколку сакате оваа година да бидете дел од спактакуларниот тиквешки карневал, ваше е само да имате желба и насмевка. Пријавувањето трае до 22  јули, соопштија денеска од Општината.

Туристички воз, изложба на олдтајмери, мото рели се само дел од годинашната програма најавена за „Тиквешки гроздобер“.

Како што информираат од кавадаречката локална самоуправа, предвидени се и кошаркарски турнир „Сестри Китеви“, традиционалната „Таблијада“, домашна и странска музичка програма.

Традиционалниот тиквешки карневал е планиран за вториот ден од манифестацијата, а детското карневалско дефиле за последниот ден од настанот.

За посетителите во „Полициското паркче“ во градот, предвидени се староградска музика и скара.

Високи гости и делегации ќе бидат пречекани во Винскиот музеј.

Годинава, „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември. свд/


Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

Остани поврзан