• петок, 22 ноември 2024

Без електрична енергија утре делови од Општина Бутел и Општина Илинден

Без електрична енергија утре делови од Општина Бутел и Општина Илинден

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) – Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, во текот на утрешниот ден без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Општина Илинден и Општина Бутел.

Како што информираат од РЦУК, од 6 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Ајватовци, Мршевци и Бучинци, додека од 8 до 9 часот корисниците од ул. „Хо Ши Мин“, од број 80 до број 89.

– На ден 16.07.2024 година, без напојување со електрична енергија ќе останат, од 06:00 до 14:00 часот, корисниците од селата Ајватовци, Мршевци и Бучинци (Општина Илинден), од 08:00 до 09:00 часот, корисниците од дел од ул.  Хо Ши Мин од бр. 80 до бр. 89. (Општина Бутел), се наведува во соопштението на РЦУК.

По добиено известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, РЦУК информираше дека утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Никола Грчето“, „Благоја Паровиќ“ и „Аугуст Цезарец“.

– Поради отстранување дефект на затварач од водоводна мрежа со пречник од ф-150мм на улица Никола Грчето, од 08:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Никола Грчето, Благоја Паровиќ и Аугуст Цезарец (Општина Чаир), информираа од РЦУК. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан