• понеделник, 23 декември 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Париз, 27 јули 2024 (МИА) – Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз.

Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки.

Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон и Кесиди Кук од САД.

Бронзата им припадна на Британките Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан