• недела, 22 декември 2024

И втората анализа на струмички „Комуналец“ потврди дека водата за пиење ги задоволува параметрите за употреба

И втората анализа на струмички „Комуналец“ потврди дека водата за пиење ги задоволува параметрите за употреба

Струмица, 18 октомври 2024 (МИА) - И втората анализа на вода направена вчера во Фабриката за вода и три други места низ градот ги задоволува параметрите за употреба за пиење, објави утрово струмичкото комунално претпријатие.

Според објавеното испитување од акредитираната лабараторија „Проанализ“ од Струмица, испитуваната вода за пиење содржи манган во рамките на дозволеното, а и останатите параметри се во рамки на дозволените граници.

Освен од Фабриката за вода, испитувани се примероци од училиштата „Сандо Масев“ и „Димитар Влахов“, како и од Градинката Клон 6.

Инаку, Струмица и шест населени места веќе три недели се без вода за пиење, а од 8 овој месец водата за пиење е забранета за употреба и во Општина Василево, која исто како и Струмица со вода се снабдува од акумулацијата „Турија“.

Од завчера водата за пиење е забранета и во Општина Босилово, а населението се снабдува од канистри. рт/дма/

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Остани поврзан