• четврток, 25 април 2024

Италија му порача на Израел да биде „зрел“ и да избегнува да ја поттикнува „спиралата на насилство“

Италија му порача на Израел да биде „зрел“ и да избегнува да ја поттикнува „спиралата на насилство“

Рим, 16 април 2024 (МИА) – Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето рече дека Иран „ја преминал прецизната црвена линија“ со својот директен напад врз Израел, но го повика Израел да избегне поттикнување на спирала на насилство во регионот.

Кросето телефонски разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и го изразил континуираното пријателство на Италија со Израел, се вели во соопштението на италијанското Министерство за одбрана.

„Преминувањето на прецизна црвена линија со директен напад врз Израел, на негова територија, е загрижувачко, но токму сега треба да бидеме зрели и да дејствуваме според правилата на меѓународното право да избегнувате да ја поттикнете спиралата на насилство по што сите ние би биле поразени“, му рекол Кросето на Галант, стои во соопштението. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан