Истражување: Во Кина повеќе од половина од возрасните се дебели
- Во Кина, повеќе од половина од возрасните се дебели и има зголемување на стапката на хронични болести како резултат на луѓе со прекумерна тежина, се вели во извештајот на кинеската Влада.
Пекинг, 24 декември 2020 (МИА) - Во Кина, повеќе од половина од возрасните се дебели и има зголемување на стапката на хронични болести како резултат на луѓе со прекумерна тежина, се вели во извештајот на кинеската Влада.
Истражувањата покажаа дека луѓето се повеќе јадат надвор и консумираат засладени пијалоци и дека приближно една петтина од децата на возраст од шест до 17 години имаат прекумерна тежина, според СЦМП.
Повеќе од 10 проценти од децата на возраст под шест години се дебели, односно имаат прекумерна тежина, се додава во написот.
Студијата, која траеше четири години, опфати повеќе од 600.000 луѓе низ Кина и забележа зголемување на бројот на луѓе со прекумерна тежина во сите категории на население.
Сепак, СЦМП наведува дека уделот на дебелото население е се уште помал во Кина отколку во многу други развиени земји, но дека процентот рапидно расте.
Во Кина, во 2015 година, повеќе од 30 проценти од возрасните биле со прекумерна тежина, што е зголемување за седум проценти во споредба со 2002 година. паг/