Руска ракета усмрти 10 лица во Одеса
- Во руското ракетно бомбардирање во Одеса загинаа најмалку 10 животи, а повредени се 44 лица, меѓу кои и четири деца, соопшти гувернерот Олех Кипер.
Киев, 18 ноември 2024 (МИА) - Во руското ракетно бомбардирање во Одеса загинаа најмалку 10 животи, а повредени се 44 лица, меѓу кои и четири деца, соопшти гувернерот Олех Кипер.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски балистички проектил погодил станбен комплекс, универзитетска зграда и административна зграда, истакнувајќи дека станува збор за „намерни удари“ кои го разоткриваат вистинскиот интерес на Русија – продолжување на војната.
Најголемиот ракетен напад врз Украина во последните три месеци дополнително го оштети веќе разурнатиот енергетски систем на земјата, соопшти полицијата. ссм/
фото: архива