• недела, 22 декември 2024

Истражување: ВИ ќе ја намали профитабилноста на музиката

Истражување: ВИ ќе ја намали профитабилноста на музиката

Париз, 5 декември 2024 (МИА) - Научно истражување нарачано од Меѓународната конфедерација на здруженија на автори и композитори (МКЗАК) посочува дека вештачката интелигенција може значително да ги загрози приходите на вработените во музичката индустрија.

Испитувањето е спроведено од агенцијата за истражување и консултации „ПМП Стратеџи“ (PMP Strategy). Според наводите, вработените во музичкиот сектор ќе изгубат речиси следните четири години четвртина од приходите поради генеративната вештачка интелигенција (ВГИ). Покрај музичарите, и вработените во аудиовизуелниот сектор ќе се соочат со пад на приходите за повеќе од 20 отсто, паралелно со растот на пазарот на ВГИ од три милијарди на проектираните 64 милијарди евра годишно, до 2028 година. Заклучоците од истражувањето ги објави МКЗАК вчера во Париз, Франција.

Конфедерацијата претставува повеќе од пет милиони автори ширум светот.

Потпретседателот на МКЗАК, режисерот и сценарист Анхелес Гонзалес-Синде Рег рече дека ВИ-алатките можат да ја поддржат и зајакнат работата на филмаџиите, но исто така, постои „огромна загриженост дека во брзањето да се искористи и монетизира ВГИ, креаторите ќе бидат третирани како „со ретроспектива“, без право на овластена употреба на нивните дела.

- Истражувањето ја нагласува потребата од етички и економски здрави политики коишто ги ставаат правата на создавачите во самото средиште на светот на ВИ. Човечките креатори мора да бидат во средиштето на креирањето на политиките и регулативата, рече тој.

Од друга страна, пак, според наводите, брзиот раст на ВИ значително ќе ги збогати големите технолошки компании. Извештајот вели и дека без регулаторна заштита, запазувањето авторски права и приходите ќе бидат драстично намалени.

Претседателот на МКЗАК и поранешен член на „АББА“, Бјорн Улвеус ги истакна Австралија и Нов Зеланд како водечки земји во обликувањето на политиките за заштита на креативците од ВГИ. Политиките на тие земји, според неговата проценка, би можеле да обезбедат ВИ да служи како алатка за подобрување на човечката креативност, а не да ја замени.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан