• среда, 15 мај 2024

Иран го поздрави позитивниот одговор на Хамас на планот за прекин на огнот во Појасот Газа

Иран го поздрави позитивниот одговор на Хамас на планот за прекин на огнот во Појасот Газа

Техеран, 7 мај 2024 (МИА) – Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи го поздрави одговорот на Хамас на планот претставен од земјите кои посредуваат во договорот за прекин на огнот за ставање крај на геноцидната војна на ционистичкиот режим против Појасот Газа.

- Исламската Република Иран го поддржува претставениот план, вклучително и итен и конечен крај на нападите и злосторствата на ционистичкиот режим, укинување на бруталната блокада на Газа, ослободување на палестинските затвореници и целосно и безусловно повлекување на израелските окупаторски сили од Појасот Газа, како и обнова на разурнатата инфраструктура, истакна портпаролот на иранското МНР.

Неговата изјава уследи по синоќешната објава на Хамас дека се согласил со предлогот за прекин на огнот на Египет и на Катар. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан