• сабота, 23 ноември 2024

Хезболах интензивно гаѓаше воени цели на северот на Израел

Хезболах интензивно гаѓаше воени цели на северот на Израел

Бејрут, 15 мај 2024 (МИА) - Либанското движење Хезболах денеска интензивно гаѓаше воени цели во северен Израел, како одговор на израелскиот напад во кој загина локален командант на проиранското движење.

Хезболах објави дека лансирал „десетици ракети Качуша“ во воената база Мерон во северен Израел и касарната Биранит.

Бомбардирањето е одговор „на нападот на израелскиот непријател во јужен Либан“, се додава во соопштението.

Сирените за тревога се огласија во Мерон.

Израелската армија изутрината соопшти дека го убила локалниот командант на Хезболах, Хусеин Маки во напад на крајбрежниот град Тир во јужен Либан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан