• сабота, 18 мај 2024

Интер му нуди на Челзи 30 милиони евра за Лукаку

Интер му нуди на Челзи 30 милиони евра за Лукаку

Милано, 4 јули 2023 (МИА) - Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку може да се врати во Интер, пишува Газета дело Спорт.

 

Според италијанскиот весник, миланезите на лондонскиот клуб му нудат 30 милиони евра за 30-годишниот Белгиец. Самиот играч изрази желба да ја продолжи кариерата во Интер.

 

Напаѓачот ја помина сезоната 2022/23 во Интер како позајмен фудбалер.

 

Лукаку последната сезона има 37 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и седум асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан