• петок, 19 април 2024

Инзаги: Нашата судбина е во наши раце, но треба да останеме фокусирани

Инзаги: Нашата судбина е во наши раце, но треба да останеме фокусирани

Милано, 5 март 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го сподели своето мислење за трката за титулата во Серија А.

Во натпреварот од 27. коло, Нероаѕурите синоќа на домашен терен ја победија Џенова со 2:1.

- Дали судбината на Интер е во наши раце? Очигледно да. За 33 дена ја зголемивме предноста во однос на Јувентус на 15 бода, но треба да останеме фокусирани. Во фудбалот сум долги години и знам како функционира. Има уште многу натпревари пред нас, треба да одиграме три натпревари пред репрезентативната пауза против многу сериозни противници - Болоња, Атлетико и Наполи, изјави тренерот Инзаги за „TuttoMercatoWeb“.

Интер продолжува да води во поредокот во Серија А. Тимот има 72 бода на 27 натпревари, а разликата од второпласираниот Јувентус сега е 15 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан