• четврток, 01 август 2024

Во Рејкјавик ќе се одржи инаугурација на новата претседателка на Исланд, Хала Томасдотир

Во Рејкјавик ќе се одржи инаугурација на новата претседателка на Исланд, Хала Томасдотир

Рејкјавик, 1 август 2024 (МИА) - Новоизбраната претседателка на Исланд, Хала Томасдотир денеска ќе положи заклетва во Рејкјавик, откако на претседателските избори во јуни освои 34 отсто од гласовите и официјално стана втората жена на оваа функција од независноста на земјата во 1944 година.

Инаугурацијата ќе започне со верска служба во катедралата во Рејкјавик, по што ќе следи церемонија во исландскиот парламент, каде Томасдотир ќе положи заклетва пред да и се обрати на нацијата, пишува Гардијан.

Томасдотир е феминистка чија кампања се фокусираше на вештачката интелигенција, туризмот, влијанието на социјалните медиуми и менталното здравје. Откако ја победи Катрин Јакобсдотир, која поднесе оставка од премиерската функција за да се избори за претседателскиот мандат, Томасдотир изјави дека „луѓето гласале со срце“ и дека најважна работа за неа е еднаквоста меѓу луѓето.

Таа претходно беше министер за трговија и директор на компанија за финансиски услуги. Функцијата на претседателот на Исланд е главно церемонијална, но е особено важна во околности како што се вулкански ерупции на островот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан