• недела, 19 мај 2024

Именуван нов началник на СВР Тетово

Именуван нов началник на СВР Тетово
Тетово, 18 февруари 2020 (МИА) - Гоце Јанкулоски е новиот началник на Секторот за внатрешни работи Тетово, информираат од оваа институција. Станува збор за вработен во СВР Тетово, кој доаѓа од полициското одделение во Групчин. -Од 16 февруари 2020 година со решение на техничкиот министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за началник на Секторот за внатрешни работи во Тетово е поставен Гоце Јанкулоски наместо Амир Далипи кој сега е дополнителен началник, соопшти денеска СВР Тетово. Гоце Јанкулоски е 47-годишен жител на Брвеница. Во Полициско одделение Групчин бил инспектор по превенција.ас/бт/

Остани поврзан