• недела, 29 септември 2024

Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах

Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах

Тел Авив, 26 јуни 2024 (МИА) - Израел планира да ја користи сателитската интернет-услуга на Илон Маск за да остане поврзан на интернет доколку избие конфликт со либанската група Хезболах, кога се очекува да има и прекини на струја, пренесоа израелски медиуми.

Министерствата за финансии и комуникации планираат да користат повеќе од 5.000 сателити на старлинк во ниска орбита за да обезбедат постојан проток на податоци во случај на вонредна состојба. Целосен конфликт со Хезболах може да доведе до ракетни напади врз енергетскиот систем на Израел.

Засега нема коментар од властите во ИзраЕл. Во февруари, министерот за комуникации Шломо Кархи ја овласти работата на Старлинк во Израел и во Појасот Газа.зш/

Остани поврзан