• сабота, 05 октомври 2024

Израелците им оддадоа почит на жртвите на Холокаустот

Израелците им оддадоа почит на жртвите на Холокаустот

Ерусалим, 18 април 2023 (МИА) - Во Израел сирените се огласија денеска во точно 10 часот по повод Денот на сеќавањето на Холокаустот и Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите убиени од нацистите и нивните соработници во Втората светска војна.

Официјалната државна церемонија по повод Денот на сеќавањето на мачениците и хероите од Холокаустот се одржа во музејот на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим, каде што претседателот на Израел Исак Херцог, премиерот Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Кнесетот и претседателот на Врховниот суд и неколку преживеани положија венци на споменикот на бунтот во Варшавското гето во 1943 година.

Годишната церемонија „За секој човек има име“ ќе се одржи во израелскиот парламент (Кнесет), а учесниците ќе ги читаат имињата на жртвите.

Десетици помали церемонии беа организирани во училиштата, општинските згради и во близина на спомениците на Холокаустот низ целата земја. паг/

Фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан