• недела, 22 декември 2024

Француската левица поднесе гласање за недоверба на владата на премиерот Барние

Француската левица поднесе гласање за недоверба на владата на премиерот Барние

 

Париз, 4 октомври 2024 (МИА) - Францускиот нов народен фронт денеска побара гласање недоверба на владата на премиерот Мишел Барние. Сепак, иницијативата на левата коалиција има мали шанси за успех. За да го направи тоа, таа треба да биде поддржана од екстремната десница - нешто што е малку веројатно, јавија француските медиуми.

Претседателот Емануел Макрон го назначи Барние за премиер минатиот месец, откако предвремените летни избори доведоа до фрагментиран парламент. Иако левичарската коалиција освои најмногу гласови, не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.

Кабинетот е пред тешката задача да добие одобрение од парламентот за државниот буџет, кој предвидува помал дефицит.

„Постоењето на оваа влада во нејзиниот состав и во нејзината насока е негација на резултатот од последните парламентарни избори“, се вели во предлогот за гласање недоверба.

Левичарските пратеници рекоа дека Макрон требало да назначи премиер од нивните редови и истакнаа дека буџетот за следната финансиска година ќе биде „најекономичен во изминатите 25 години“. зш/

 

Остани поврзан