• недела, 24 ноември 2024

Бајден: САД се обидуваат да го здружат светот за да се избегне сеопфатна војна на Блискиот исток

Бајден: САД се обидуваат да го здружат светот за да се избегне сеопфатна војна на Блискиот исток

Вашингтон, 4 октомври 2024 (МИА) - Претседателот Џо Бајден денеска нагласи дека САД работат на здружување на меѓународната заедница за да се избегне сеопфатна војна на Блискиот Исток.

„Главната работа што можеме да ја направиме е да се обидеме да го здружиме остатокот од светот и нашите сојузници да учествуваат... за да го смириме ова“, изјави Бајден на прес конференција.

Бајден се обиде да го обесхрабри Израел да нападнaт нафтени полиња во Иран, иако рече дека земјата има право да одговори по нападот со балистички ракети на Техеран претходно оваа недела.

„Да бев на нивноместо, ќе размислував за други алтернативи освен за удар врз нафтени полиња“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа.

Бајден рече дека се консултирал со владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху додека таа одлучува како да одговори на нападот во вторникот, кога Иран лансираше околу 200 балистички ракети на цели низ целата земја. Додека некои од проектилите поминаа низ одбраната на Израел, имаше мала штета. Нетанјаху предупреди дека Израел нема друг избор освен да возврати, а напад може да дојде во секое време.

САД и другите земји од Групата седум ги разгледуваат санкциите кон Иран. Запрашан дали САД размислуваат за нови санкции за иранскиот нафтен сектор, Бајден рече дека „тоа се разгледува во моментов - целата таа работа“.зш/

Остани поврзан