• петок, 05 декември 2025

Изложба на фотографии на Кервин Кендел Вилиамсон во „Рудиќ Галерија“

Изложба на фотографии на Кервин Кендел Вилиамсон во „Рудиќ Галерија“

Скопје, 14 октомври 2023 (МИА) – Во „Рудиќ Галерија“ вечер од 19 часот ќе се одржи изложба на фотографии на Кервин Кендел Вилиамсон.

Како што информираат од Галеријата, во изложбата насловена „Њујорк, Њујорк“ се застапени секојдневните аспекти на животот во градот и на оние кои живеат таму, а се издигнати во духот на фотографи како Гордон Паркс, Кери Меј Вимс, Алфред Стиглиц, Волкер Еванс и Роберт Френк.

Делата на авторот се фокусираат на дихотомијата помеѓу носталгијата и воајеризмот. 

Кервин Кендел Вилиамсон е визуелен уметник од Бруклин, Њујорк, со соло и групни изложби во Њујорк, Скопје, Битола. Негови дела биле објавувани во САД, Република Северна Македонија и Шпанија.

Во моментов тој е застапуван од галеријата “FiveMiles” во Бруклин, Њујорк. ар/аа/

ФОТО/ Галерија Рудиќ

Остани поврзан